Свет
Докторите потврдија дека Ѕанарди е итно опериран и е во животна опасност
Алекс Ѕанарди завршил на итна операција во болницата каде е одведен по несреќата која ја доживеа со својот „хендбајк“ за време на организиран натпревар со други параолимпијци во својата Италија.
Докторите утврдиле сериозни повреди на главата кај поранешниот Формула 1 возач и тој веднаш бил опериран, по што сега е на интензивна нега и во животна опасност.
Ова е само потврда на првичните информации од очевидците, иако Ѕанарди бил свесен кога пристигнал медицинскиот тим, очигледно има сериозни повреди на главата, причинети од ударот кој го заработил од камион кој минувал на делницата во близина на Сиена.
Во меѓувреме, голем број италијански спортисти и јавни личности изразија поддршка за Ѕанарди, потенцирајќи ја неговата важна улога на голем спортски борец и мотиватор за помладите и параолимпијците.
Ѕанарди ги загуби двете нозе под колената за време на трка од „Чемп Кар“ (сегашна Инди Кар) серијата, во која има две титули, откако имаше сериозна несреќа во 2001 година.
Во меѓувреме, тој почна да настапува на Параолимпијадите, каде веќе освои четири златни медали во велосипедизам.
-
Италија8 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија9 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија10 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија10 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет7 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија3 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Шпанија11 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив