Лига на шампиони
Динамо сигурен против Валур, Адеми и Ристовски продолжуваат во квалификациите за ЛШ
Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски го продолжуваат настапот во дресот на Динамо во квалификациите за Лигата на шампионите, бидејќи и вторпат го победија исландскиот првак Валур (0:2).
Откако на првиот натпревар, Динамо прокоцка предност од 3:0 и имаше нереализиран пенал, за конечни 3:2, хрватскиот претставник го потврди квалитетот на реваншот и стигна до рутинска победа.
Хрватските репрезентативци Иванушец и Оршиќ ги постигнаа головите за „модрите“, со што Динамо заслужено оди во следната фаза.
Адеми одигра цел натпревар за Динамо, но остана на два гола против овој противник од средбата во Загреб, додека Ристовски не влезе во игра.
Следен противник на Динамо ќе биде кипарска Омонија.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…