Поврзете се со нас

Италија

Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција

Објавено

на

Турскиот репрезентативец Мерих Демирал се обидува да им помогне на своите сонародници во делот кој претрпе најголеми последици од силниот земјотрес, а за тоа ќе ја искористи популарноста на дел од поранешните соиграчи.

Членот на Аталанта им потврдил на турските медиуми дека собира потпишани дресови, кои наскоро ќе бидат продадени на аукција, а средствата префрлени во хуманитарни цели.

Демирал потврдил дека веќе разговарал со Кристијано Роналдо кој очекувано се согласил да помогне, а засега е јасно дека турскиот фудбалер ќе стави на аукција дресови со потписи од Роналдо, Леонардо Бонучи од Јувентус и Пауло Дибала од Рома.

– Зборував со Роналдо и тој е тажен поради информациите од мојата земја. Се согласи на аукција да биде продаден дрес потпишан од негова страна од мојата колекција, а средствата ќе бидат наменети за моите сограѓани погодени од земјотресот, – изјавил Демирал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни