Италија
Дел Пјеро за кризата на Јувентус: Екипата плаќа сметка за повеќе работи
Јувентус има неочекувано неуспешен старт во Серија А, а индивидуалните грешки придонесоа најмногу за „бјанконерите“ да имаат само еден бод по три одиграни натпревари.
Поранешниот капитен Алесандро Дел Пјеро вели дека поискусните фудбалери мора да ја преземат работата во свои раце, но и дека ефектот на Дибала и Киеза може да биде пресуден.
– Не можеме да кажеме дека Јувентус нема квалитетни фудбалери. Прашањето е дали Киеза е истиот од Европското првенство или дали Дибала може да игра на нивото како од пред две сезони? Дибала мора да се ослободи од притисокот и повторно да биде оној стариот. Колку послободно игра, толку подобар ефект ќе има за екипата.
– Од друга страна, актуелниот старт ме изненади, но не сум изненаден од поразот од Наполи. Екипата плаќа сметка за повеќе работи, не само за заминувањето на Роналдо.
– Ми се допаѓа Алегри бидејќи има конкретни идеи, но тој не може да прави чуда. Тој е првиот кој знае дека промената на тренерот не носи успеси само по себе, има уште многу работа за сите. Заостанувањето од осум бодови зад лидерите не е толку голем проблем колку што се перформансите кои ги гледаме, – изјавил Дел Пјеро.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план