Италија
Де Роси ја објаснил ситуацијата со „замрзнатиот“ Залевски
Италијанските медиуми го преселија Никола Залевски во редовите на Галатасарај, но неуспешните преговори со турскиот клуб спречија вакво сценарио и го ставија полскиот репрезентативец во комплицирана ситуација.
Рома го „замрзнала“ фудбалерот со што го потврди незадоволството од епилогот и фактот што остана без планираната трансфер сума во овој преоден рок, а тренерот Даниеле Де Роси барем засега нема да смета на овој фудбалер.
– Не сум убеден дека е целосно „замрзнат“ и исклучен од првиот тим, се работи само за проблем со неговиот договор.
– Клубот ја донел одлуката и истата ми беше соопштена, ако најдат заеднички јазик тогаш тој ќе може да се врати во тимот, – рекол Де Роси.
Медиумите пренесоа дека Рома и Галатасарај имале постигнато договор за трансфер, но фудбалерот во последен момент ја одбил опцијата, со што „волчицата“ останала без 11 милиони евра, кои целосно ќе се сметаа за профит бидејќи Залевски е продукт на младинската академија.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон