Италија
Де Лаурентис гордо го претстави засилувањето на Наполи: „Бонџорно а тути“
Раководството на Наполи успеа да го доведе Антонио Конте на тренерската функција, а сега работи на засилувањата кои се дел од приоритетите на новиот тренер на составот кој беше шампион во Серија А во сезоната 2022/23.
Утринава, претседателот Аурелио Де Лаурентис преку социјалните медиуми гордо го претстави засилувањето во одбраната, актуелниот италијански репрезентативец, Алесандро Бонџорно.
Користејќи го преводот на презимето, Де Лаурентис им посака добро утро на фановите на Наполи со потпишувањето на договорот на Бонџорно, кој важи за еден од најголемите италијански таленти на стоперската позиција.
Бонџорно доаѓа од редовите на Торино, а е трето засилување за Наполи по искусниот Леонардо Спинацола и Рафа Марин. Истовремено, Конте успеа да го задржи и капитенот Џовани Ди Лоренцо, за кого се шпекулираше дека е незадоволен од својот статус и сака да замине во друга средина.
Buongiorno a tutti. pic.twitter.com/7uMZy3FYNx
— AurelioDeLaurentiis (@ADeLaurentiis) July 13, 2024
-
Италија15 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија16 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија17 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет13 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија9 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)