Македонија
Давидовски со најдобар пласман во ТЦР Европа, Џиролами ја заокружи одличната трка за ПСС Рејсинг во Франција

Виктор Давидовски и Франко Џиролами ги освоија четвртото и петтото мето на трката на патеката „Пол Рикар“ во рамките на ТЦР Европа шампионатот.
Возачите на македонскиот тим ПСС Рејсинг стартуваа од првото и второто место на денешната трка, но послабиот старт им овозможи на Џими Кларе и Микел Аскона да ги преземат првите две позиции, кои тие не ги испуштија до крајот на трката.
Хондите на Давидовски и Џиролами се тркаа со тежински баласт од 40 килограми, цела трка водеа жестока битка со ривалите кои имаа слични перформанси, а Давидовски до претпоследниот круг беше на третата позиција, но не успеа да ја задржи во дуелот со Семи Тауфик, кој избори место на победничкиот подиум.
За Давидовски ова е најголем успех и најдобар пласман откако се натпреварува во ТЦР Европа.
Одличниот пласман во Франција носи и многу поени за членовите на ПСС Рејсинг, па така Давидовски заработи 27, додека Џиролами освои 24 поени од оваа трка.
Давидовски исто како вчера го освои трофејот во „diamond“ конкуренцијата, а победник на трката беше Џими Кларе пред Аскона и Тауфик.
На вчерашната прва трка на „Пол Рикар“, Џиролами го освои седмото, а Давидовски заврши на осмото место.
-
Италија15 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија17 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет14 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија9 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)