Италија
Даглас Луиз испрати „сигнал“ дека ги завршил сите процедури за потпис со Јувентус
Даглас Луиз е дел од бразилската репрезентација која учествува на Копа Америка, а овие обврски ги искомбинира со реализација на најавениот трансфер во Јувентус.
Луиз денеска ги минал лекарските прегледи во САД и тоа во присуство на претставник на лекарскиот тим на „бјанконерите“, а се очекува трансферот да биде објавен претстојниов викенд.
Она што навивачите на Јуве го протолкуваа како намерно испратен сигнал за комплетирање на процедурата е последната активност на Бразилецот на Инстаграм.
Луиз објави неколку фотографии од тренингот на својата селекција, но во црно-бела техника, што на социјалните мрежи е протолкувано како поздрав до фановите на италијанскиот тим.
View this post on Instagram
Луиз заминува во Јуве од Астон Вила, а премиерлигашот за возврат ќе ги добие Илинџ Џуниор, Енцо Баренечеа, како и околу 20 милиони евра.
-
Италија17 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија18 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет15 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија19 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија12 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија11 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија9 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)