Англија
Челси му дозволил на еден фудбалер да се врати во Англија за да потпише за ривалски клуб

Фудбалерите на Челси се подготвуваат за финалето на Светското клупско првенство, а менаџерот и раководството дале зелено светло еден од нив да се врати во Англија за да го реализира најавениот трансфер.
Се работи за Нони Мадуеке, крилниот фудбалер за кого Челси реши да го одобри трансферот во Арсенал, а кој набрзо ќе биде промовиран како нов член на „топчиите“.
Во пресрет на финалето со ПСЖ, Мадуеке тргнал на пат кон својата земја, каде треба да ги помине лекарските прегледи, по што ќе стави потпис на договорот со новиот лондонски клуб.
По сезона и пол во дресот на Челси, Мадуеке заминува со 13 постигнати голови на 67 натпревари, а на досегашниот клуб ќе му донесе повеќе од солидни 52 милиони фунти.
На клупскиот мундијал, англискиот репрезентативец настапи на пет од шест натпревари и на два од нив беше стартер за Челси.
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!
-
Шпанија18 часа
Дефанзивецот на Реал кој направи катастрофална грешка против ПСЖ им се извини на фановите (Фото)