Поврзете се со нас

НБА

Букер го продолжи договорот со Феникс и ќе добие рекордна годишна плата

Објавено

на

Фото: x.com/Suns

Девин Букер ја прифатил понудата на Феникс за двегодишно продолжување на договорот и со неговите финансиски параметри постави нов рекорд во НБА лигата.

Со последниот потег, првата ѕвезда на „сонцата“ се обврзала на соработка со клубот до сезоната 2029/30, а медиумите тврдат дека ја искористил опцијата за максимален договор од 145 милиони долари за тој двегодишен период.

Букер вчера имал состанок со првите луѓе на Феникс во Лас Вегас и ставил потпис на новиот договор, со кој стигнал до највисоката годишна плата со продолжување на договор во НБА историјата.

Поточно, Букер со 72,5 милиони евра по сезона го собори рекордот на Оклахома Сити, која му овозможи заработка од 71,25 милиони долари по година на Шеј Гилџус-Александер.

Од петгодишниот договор до 2030 година, Букер ќе заработи 316 милиони долари само од клупската каса на Феникс.

„Сонцата“ го избраа Букер како 13. пик на драфтот во 2015 година, а третото продолжување на договорот е потврда за долгорочните планови за соработка на двете страни и посебно на клубот во кој веќе помина десет години.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни