Европски првенства
Бриаторе распали по „азурите“: Спалети е арогантен, играчите загубени, сега знам зошто Манчини „побегна“

Флавио Бриаторе неодамна се врати во Формула 1 откако доби ангажман од францускиот клуб Алпин, но како и секогаш, останува голем фудбалски фан кој внимателно ги следи случувањата на италијанската фудбалска сцена.
Познатиот менаџер и бизнисмен имал што да каже за медиумите откако Италија доживеа елиминација во осмифиналето на ЕП и репрезентативците се вратија дома со многу лош впечаток во однос на игрите и залагањето кое го понудија на турнирот.
Бриаторе имал што да каже на темата и тоа го направил на директен начин без „влакна на јазикот“.
– Елиминацијата на ова ЕП беше шок, најголема катастрофа во историјата на италијанската репрезентација. На теренот гледавме конфузија, фудбалерите како да играа натпревар по пауза од еден месец, играа со спуштени глави, не знаеја која е нивната позиција. Не разбирам ни зошто играше Фаџоли, можеби и Спалети беше претерано арогантен.
– Селекторот не успеа да создаде флуидна група, дури и играчи како Киеза и Барела немаа самодоверба и карактер. Кјелини не беше Пеле, но никогаш не се откажуваше и ги бодреше останатите, можете да загубите но не ваков начин. Сега изгледаше дека на репрезентативците им олесна по последниот судиски свиреж против Швајцарија.
– Според мене Алегри би бил вистински избор, би го немал секојдневниот притисок и има големо искуство. Се слушнавме уште пред да заврши дуелот со Швајцарија, тој ми посочи дека мора да играме како што сме играле низ историјата, а не да имитираме други репрезентации. Ние не сме Шпанија, на претходното ЕП не бевме најдобри па победивме, но имаше кохезија во тимот.
– Ако Донарума не правеше чуда, ќе примевме по пет гола од сите противници, во моментов немаме врвни играчи, Франција има многу интернационалци, а ако го тргнеме Донарума на страна, никој не ги сака нашите други фудбалери. Откако го освоивме ЕП со Манчини, се случуваат само глупости, а тој откако виде со што располага реши да се повлече и да избегне да изгледа како будала. Сега го разбирам и не можам да го обвинам, – рекол Бриаторе.
-
Италија17 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија18 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет15 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија19 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија12 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија11 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија9 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)