Германија
Борусија се „откажа“ од Реина, два клуба во битка за потписот на Американецот
Борусија Дортмунд го врати Џејдон Санчо во своите редови во актуелниот преоден рок, а очигледно е подготвена да се откаже од услугите на Џовани Реина.
Американскиот репрезентативец и самиот не е задоволен од минутажата која ја добива во редовите на бундеслигашот, па посакува средина во која ќе може почесто да биде на теренот, а во игра се Нотингем Форест и Олимпик Марсеј.
Медиумите првично објавија за напредни преговори со премиерлигашот, кој побарал и клаузула за откупување на договорот по крајот на сезоната, но сега мала предност имаат Французите.
Реина сега треба да донесе конечна одлука и тоа да го потврди со Борусија, а германскиот клуб како приоритет ја има поставено сумата за откупување на договорот, бидејќи соработката со Реина е договорена до јуни 2025 година.
Сезонава, Американецот забележа само 13 настапи во Бундеслигата за „милионерите“.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план