Италија
Берарди во конфликт со Сасуоло, нема да биде во составот за првото коло во Серија А
Доменико Берарди решил дека е време да го напушти Сасуоло и инсистира на трансфер во редовите на Јувентус, но ваквата идеја му донесе недоразбирање и конфликт со раководството на актуелниот клуб.
Берарди долго време настапува за Сасуоло и веројатно очекуваше клубот да не му прави проблеми кога ќе реши да замине, но новиот договор кој го потпиша и трае до 2027 година му дава предност на раководството во актуелните преговори.
Сасуоло наводно бара 30 милиони, Јувентус не е подготвен да понуди повеќе од 20 милиони евра, додека Берарди се искарал со претпоставените и тренира сам и изолиран од првиот тим.
Првата ѕвезда сигурно ќе го пропушти дуелот со Аталанта, а големите се шансите да не настапи и на следниот натпревар на својата екипа.
Јувентус веројатно ќе се обиде да дојде до компромис со формула за заем и откупување на договорот по две години, но засега е нејасно дали тоа ќе биде прифатено од другата страна.
-
Италија18 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија13 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија19 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет16 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија19 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија11 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија10 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)