Шпанија
Барселона може да направи несекојдневен потег за да го регистрира Олмо до крајот на сезоната

Барселона привремено го регистираше Дани Олмо за настап до крајот на календарската година, но може да го загуби шпанскиот репрезентативец за продолжението од сезоната.
Отсуството на Андреас Кристенсен му помогна на клубот да најде начин да го регистрира Олмо, но Барселона мора да најде дополнителни финансии доколку сака да смета на големото засилување за клучните натпревари во наредниот период. Истовремено, дел од медиумите тврдат дека тој има клаузула во договорот според која може да замине ако Каталонците не успеат во остварување на основната цел.
Шпанските медиуми најавуваат дека раководството разгледува повеќе опции за дополнување на буџетот и обезбедување простор за целосна регистрација на Олмо, а во план е и еден невообичаен потег.
Се работи за изнајмување на новите ВИП ложи на реновираниот „Камп Ноу“, привилегија која одредени фанови би ја добиле на период од 20 години за високи суми, а со тоа би придонеле за полнење на клупската каса во овој тежок финансиски период.
Овој потег во комбинација со подобрениот договор со „Најк“ треба да биде доволна за регистрација на Олмо, но и за Пау Виктор, кој исто така виси во составот на Ханси Флик.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план