Поврзете се со нас

Германија

Баерн заврши голема работа: Мусиала потпиша договор до 2030 година

Објавено

на

Фото: https://x.com/FCBayern

Баерн Минхен денеска го комплетираше процесот на продолжување на договорот со Џамал Мусиала, па германскиот репрезентативец и дефинитивно прифатил да се обврзе кон Баварците до 2030 година.

Овој момент беше долго очекуван и меѓу фановите, кои не сакаа ни да помислат за рана разделба со фудбалерот кој веќе го потврди својот голем потенцијал.

Мусиала сигурно ќе заработува многу повеќе наредните сезони, но носи дополнителна стабилност во редовите на Баварците, кои ќе треба да прават одредени промени на други позиции во тимот.

21-годишниот фудбалер дојде во Баерн од младинската академија на Челси и тоа се покажа како полн погодок на скаутите и раководството на германскиот клуб. Мусиала е роден во Штутгарт, но уште како дете се преселил во Лондон, а по враќањето во Германија, го прифати и повикот за настап во германскиот национален тим.

Претходно, Баварците решија уште едно важно прашање со продолжување на договорот и на Алфонсо Дејвис.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни