Поврзете се со нас

Германија

Баерн бара замена за Мусиала, прв пик е фудбалер на Лајпциг

Објавено

на

Фото: https://x.com/FCBayern

Баерн Минхен долго време е во потрага по крилен напаѓач, но повредата на Џамал Мусиала донесе и друг императив за раководството на бундеслигашот.

Малерозниот натпревар против ПСЖ означи долга пауза за Мусиала и еден многу важен играч помалку за тренерот Венсан Компани, кој сега има потреба од дополнителна надградба на составот.

„Билд“ тврди дека прва опција за Баварците е Чави Симонс, актуелниот фудбалер на РБ Лајпциг, кој сигурно сака да настапува во клуб со поголеми амбиции, но за такво нешто треба да има договор меѓу двата клуба.

Претходно, Лајпциг го проценуваше холандскиот репрезентативец на 100 милиони евра, но потребата од инвестиции може да го натераат клубот да ја намали сумата до 70 милиони евра.

Дури и таа цена е превисока и за клуб како Баерн, па актуелниот германски шампион може да иницира подолги преговори за да се најде посоодветен компромис.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни