Италија
Аталанта ќе го менува Скамака со поранешна „деветка“ на Манчестер Јунајтед
Џанлука Скамака заработи незгодна и сериозна повреда непосредно пред почетокот на новата сезона, оставајќи ја Аталанта без својата прва ѕвезда во нападот.
Италијанскиот репрезентативец се повреди пред неколку дена и Аталанта веќе е во потрага по замена во овој преоден рок, за сега како главен фаворит да се појави поранешен играч на Манчестер Јунајтед.
Довчерашниот сопственик на „деветката“ на Јунајтед, Антони Марсијал, бил предложен на Аталанта како опција за нападот и фудбалер кој би се обидел да потсети на својот потенцијал во Серија А.
Марсијал е без клуб откако му заврши договорот со Јунајтед, кој не ни размислуваше за евентуално продолжување на соработката, а претходно беше поврзуван со враќање во својата Франција.
Претходното лето, Аталанта го собори клупскиот трансфер рекорд за Ел Билал Туре од Алмерија, но репрезентативецот на Мали се повреди пред почетокот на сезоната и ја пропушти првата половина од неа. Туре веќе не е фаворит кај тренерот Гасперини и Аталанта сака да го продаде во Штутгарт и покрај ситуацијата со Скамака.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…