Репрезентација
Аргентина без Меси против Чиле и Колумбија
Името на Лионел Меси го нема на проширениот список на селекторот на Аргентина, Лионел Скалони за натпреварите против Чиле и Колумбија во квалификациите за СП 2026 година во Канада, Мексико и САД.
Сега веќе легендарниот 37-годишен фудбалер се уште не се опоравил од повредата заработена во финалето на Копа Америка пред нешто повеќе од еден месец против Колумбија во Мајами.
Во тимот го нема ни голманот Франко Армани, ниту пак дефанзивецот Маркос Акуна. За место по левата страна ќе се борат Николас Таљафико и Валентин Барко.
Меѓу поканетите ги нема играчот од средниот ред Езквиел Паласиос, кој исто така се опоравува од повредата и Пауло Дибала. Се шпекулира дека крилниот напаѓач би можел да ја напушти Рома, а ден претходно не беше стартер на гостувањето кај Каљари кое заврши без голови.
„Гаучосите“ водат во јужноамериканските квалификации со 15 бода, два повеќе од Уругвај и три од Колумбија, по шест одиграни натпревари. Актуелните светски прваци го пречекуваат Чиле ноќта меѓу 5 и 6 септември, а потоа гостуваат во Колумбија на 10 септември.
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч