Поврзете се со нас

Евролига

Анадолу Ефес и Барселона закажаа мајсторки во битка за Ф4 пласман

Објавено

на

foto: x.com/Paobcgr

Панатинаикос и Монако ќе мора да го потврдат фаворитскиот статус во соочувањата со Анадолу Ефес и Барселона на домашен терен, бидејќи нивните ривали не дозволија решавање на четвртфиналните плејоф серии во четири натпревари.

Анадолу Ефес првпат го победи Панатинаикос (85:82) пред своите фанови во Истанбул, со што не дозволи два брејка на грчкиот ривал и израмни на 2:2 во серијата.

Брајант со 19 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека кај ПАО најмногу покажа Осман, постигнувајќи 22 поени.

Истиот резултат е активен и во серијата меѓу Барселона и Монако, во која шпанскиот клуб вечерва победи со 79:72.

Барса се врати од 2:0 и на петтиот натпревар против Монако ќе брка целосен пресврт на гостински терен.

Вечерва најдобри реализатори во редовите на Каталонците беа Паркер со 22 и Бризуела со 17 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни