Англија
Аморил решил да го „одмори“ Онана, голманот на Јунајтед го пропушта дербито со Њукасл

Неубедливите реакции и грешките на Андре Онана на дуелот меѓу Лион и Манчестер Јунајтед го натерале менаџерот Рубен Аморим да преземе несекојдневен чекор и го изоставил првиот голман од составот за денешниот дуел со Њукасл.
Јунајтед има тешко гостување кај амбициозниот тим кој се бори за место во Лигата на шампионите, а на него нема да смета на камерунскиот голман кој воопшто не отпатувал со соиграчите за пресметката во рамките на Премиер лигата.
„Сан“ ексклузивно објави дека Аморим му ја соопштил веста на Онана синоќа, објаснувајќи му дека треба да одмори, а потоа повторно ќе биде во составот за реваншот со Лион во Лига Европа.
Според истиот извор, Онана коректно ја прифатил одлуката и се согласил со менаџерот, имајќи го предвид големиот притисок кој го чувствува од јавноста по лошиот настап на дуелот со Лион и барањата на голем број фанови да биде продаден уште претстојново лето.
Ова ќе биде можност и за турскиот голман Алтај Бајиндир да дебитира во Премиер лигата и тоа на тешкото гостување на „Ст. Џејмс Парк“.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон