АТП
Алкарас и Синер без драма до следната рунда, пораз за шестиот носител на Мастерсот во Шангај

Светската тениска елита наредниов период ќе биде фокусирана на Мастерсот во Шангај, а денеска својот прв настап го имаа дел од главните фаворити за трофејот.
Карлос Алкарас прв се појави на теренот и рутински го совлада домашниот адут Јунченг Шанг, додека Јаник Синер го совлада Таро Даниел исто така без многу драма и во два сета.
Алкарас го доби дуелот со Шанг со 6:2/6:2, додека Синер за слично време на теренот го победи јапонскиот ривал со 6:1/6:4 и очекувано се најде во следната рунда на престижниот турнир.
Првото изненадување го приреди чешкиот тенисер Јакуб Меншик, кој денеска го совлада шестиот носител Андреј Рубљов со 2:1 во сетови и ја потврди лошата форма на рускиот ривал.
Синер во следната рунда ќе се соочи со Аргентинецот Ечевери, третиот носител за противник го има кинескиот тенисер Ву, додека Меншик ќе има добри шанси за нов позитивен резултат во дуелот со Шевченко од Казахстан.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план