Билијард и Снукер
Активисти ги шокираа снукер ѕвездите: Портокалова пудра и лепење за маса на најелитниот турнир (Видео)
Турнирот познат како Светско првенство секоја година се одржува во Шефилд и важи за најзначаен и најпрестижен натпревар во текот на секоја сезона во професионалниот снукер.
Тоа значи и голема популарност меѓу фановите кои ги следат возбудливите дуели, а годинава видоа и сцена која досега не се случила на елитните снукер натпревари.
Вчерашниот дуел меѓу Роберт Милкинс и Џо Пери бил прекинат откако на нивната маса влета непознато лице, истурајќи портокалова пудра, како дел од кампањата за предупредување за последиците од климатските промени.
На дуелот меѓу Марк Ален и Фан Женгји се појави жена која со иста цел сакаше да се залепи со рацете на масата, но судијата со навремена реакција успеа да ја спречи во нејзината намера.
Ален и Женгји продолжиле по кратка пауза, Милкинс и Пери својот дуел ќе го започнат денеска, а полицијата ги уапсила лицата одговорни за неочекуваните сцени во „Крусибл“.
I’m lost for words pic.twitter.com/Gqf5bKXlUu
— Out Of Context Snooker (@OOCSnooker) April 17, 2023
Referee Olivier Marteel has received widespread praise for stopping a second protestor from spreading orange powder across another Crucible table.
Not in the job description 👏 pic.twitter.com/lUsy8dW54t
— Eurosport (@eurosport) April 18, 2023
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план