Свет
„А Бола“: Два европски великани заинтересирани за Бруно Фернандеш
Манчестер Јунајтед посакува да го задржи капитенот Бруно Фернандеш и за наредните сезони, но португалските медиуми тврдат дека две големи европски имиња стапиле во контакт со неговиот агент.
„А Бола“ објави информација дека покрај Баерн Минхен, заинтересирана за португалскиот репрезентативец е и Барселона, два клуба кои сигурно ќе бидат сериозен предизвик за Фернандеш доколку размислува за трансфер.
Заинтересираните сакале да знаат под кои услови Бруно би прифатил трансфер, а ситуацијата не е наивна бидејќи Португалецот има договор со Јунајтед до 2026 година.
Самиот фудбалер истакна дека би сакал да остане на „Олд Трафорд“, но под услов и клубот да ги исполни неговите очекувања во однос на трансферите и клупската политика, па тоа отвора пат за евентуални шпекулации.
Барселона полесно може да се откаже од ваква комбинација, бидејќи за Фернандеш би требало да плати 70 милиони евра, што не е мала сума со оглед на финансиската состојба во клубот.
-
Италија22 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија17 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план