Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан решен да го ангажира миленикот на Меси

Објавено

на

Реал Мадрид мора да се засили на офанзивните позиции најдоцна до летниот преоден рок, а Зинедин Зидан не сака да експериментира и е решен да ангажира играч од светска класа, кој ќе му прави друштво на Карим Бензема.

Според француските медиуми, изборот е Садио Мане, со кого неодамна Зидан имал уште еден приватен разговор, па останува Сенегалецот да ја донесе конечната одлука по крајот на сезоната.

Мане е прв избор на Зизу затоа што тој е убеден дека ќе соработува беспрекорно со Бензема, но истовремено во прилог на напаѓачот на Ливерпул оди и формата од последните две сезони.

За да биде поинтересно, Мане е еден од омилените фудбалери на најголемата ривалска ѕвезда, Лео Меси, кој неодамна изјави дека обожува да го гледа Мане.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни