Евролига
Звезда ја урна ЦСКА во Белград, Валенсија го најде решението за Жалгирис (ВИДЕО)
Кошаркарите на Црвена Звезда излегоа како победници од највозбудливот меч кој оваа вечер се одигра во Евролигата.
„Црвено-белите“ го пречекаа рускиот гигант ЦСКА Москва и по една голема борба која донесе и продолжение славеше со 86-84. Џордан Лојд беше човек на одлука, тој ги постигна поените за дополнителни минути, а потоа и оние решавачки за славје на Звезда.
Токму Лојд со 31 поен и 6 скокови беше најдобар поединец, поточно ја доби битката со Хекет кој на спротивната страна реализираше 29 кошеви, 5 скокови и 3 асистенции.
Валенсија го пронајде решението за Жалгирис и му го нанесе првиот пораз на клубот од Литванија во елитното натпреварување (94-82). Како клучна се покажа третата четвртина која шпанскиот прволигаш ја реши со 30-12 со што го презема водството и не го испушти до самиот крај.
Маринковиќ и Дубљевиќ со по 16 поени беа први стрелци, кај Жалгирис по 12 поени уфрлија Рабит и Григонис.
На последната средба Панатинаикос го доби Фенербахче со 82-68.
-
Англија12 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Светски првенства6 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Свет20 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП11 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија20 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Светски првенства6 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија19 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)