Евролига
Зенит направи уште едно изненадување, „два од два“ за Милано (ВИДЕО)
Кошаркарите на Зенит направија уште едно изненадување во Евролигата, односно му земаа скалп на уште еден фаворит за пехарот во ова натпреварување.
На отварањето на сезоната составот од Русија славеше во Турција над Анадолу Ефес, додека пак сега ја доби Барселона пред своите гледачи со 74-70. Каталонците многу лошо ги одиграа завршните пет минути во кои влегоа со пет поени позитива (68-63), а тоа го искористија домаќините кои направија пресврт и ги израдуваа своите гледачи.
Берон и Појтрес со по 16 поени беа најефикасни, а одлична партија против довчерашната екипа имаше Пангос со 15 кошеви, 2 скока и 2 асистенции. Кај Барса листата на стрелци ја предводеше Миротиќ со 14 поени.
Армани Милано ја потврди улогата на фаворит и славеше над француски Асвел со 87-73. Италијанскиот прволигаш ги реши во своја полза сите четири четвртини и сосема заслужено дојде до втората победа во втората средба во Евролигата.
Пет играчи беа двоцифрени, најдобар беше Шилд со 17 кошеви. На спротивната страна Нуа беше автор на 12 поени.
Остати резултати:
Црвена Звезда-Басконија 90-73
Панатинаикос-Олимпијакос 71-78
Алба-Баерн М 72-90
-
Свет21 час
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства7 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
АТП12 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства7 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија22 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал