Поврзете се со нас

Свет

Заврши релито Дакар, Петерхансел по рекорден 14. пат на тронот, кај мотоциклистите најдобар Бенавајдс

Објавено

на

55 годишниот француски возач, Стефан Петерхансел е освојувач на изданието Рели Дакар за 2021 година кое се возеше во Саудиска Арабија.

Петерхансел кој цели 33 години е дел од највозбудливото рели натпреварување ја освои својата 14. титула во кариерата во рели на кое интересно, забележа само една победа.

Сепак, тој консантно беше меѓу првите три возачи на етапите, па на крај заслужено се искачи на подиумот пред Насер Ал Атијах кој заостануваше 14 минути и 51 секунда.

Французинот првата титула на Дакар ја оствари пред точно 30 години кога во конкуренција на мотоцикли победи со мотоциклот на Јамаха.

Кога сме кај втората по квалитет конкуренција на Рели Дакар, мотоциклите, таму најбрз на крајот на првенството беше Кевин Бенавајдс  од Хонда кој заврши пред Сем Сандерленд од КТМ.

Image

Инаку, за жал крајот на релито Дакар беше зачинет со трагичен исход затоа што стигна вест дека починал францускиот мотоциклист, Пјер Шерпан кој имаше инцидент во седмата етапа која се возеше на 10. јануари. Тој имаше тешки повреди на главата, а починал при транспортот од Саудиска Арабија во Франција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни