Поврзете се со нас

Македонија

Викендов се игра завршницата на Купот на Македонија, организаторот ја објави цената на влезниците

Објавено

на

Овој викенд ќе се игра завршницата на Купот на Македонија, а домаќин ќе биде Охрид и салата „Билјанини Извори“.

Тимот на ГРК Охрид е организатор на турнирот, а како таков денеска објави детали за кога ќе бидат пуштени во продажба билетите за натпреварите и секако цената на истите.

Карти ќе можат да се набават од среда од 12 часот кај Аждер и на билетарата при СРЦ „Билјанини извори“ од 18-20ч. секој ден.

Цена на карта за полуфиналниот натпревар меѓу Вардар 1961 – РК Алкалоид е 200 денари, исто како и за вториот меч од оваа фаза меѓу ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер. Цената на карта за двата полуфинални натпревари пак ќе биде 300 денари.
Цената на картата за финалниот натпревар ќе изнесува 300 денари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни