Поврзете се со нас

Англија

Видиќ за најголемиот проблем на Јунајтед: Бевме измамени…

Објавено

на

Немања Видиќ беше дел од една сосема поинаква, супер успешна и победничка ера на Манчестер Јунајтед, ера која заврши со заминувањето на сер Алекс Фергусон во 2013 година.

Од тогаш „црвените ѓаволи“ не се истата екипа, клуб кој едноставно знаеше да освојува титули, да прави топ трансфери, односно да биде меѓу најдобрите како во Англија така и Европа-Лигата на шампионите.

Видиќ како легенда на тимот сака истиот да биде успешен, да гази, па од свој агол се обиде да го утврди најголемиот проблем во изминативе 12-13 години.

Србинот смета дека лошиот избор на играчи и плаќањето на високи суми и плати е најголемиот минус на премиерлигашот.

-Мислам дека понекогаш со платите и парите што им ги плаќавме на одредени играчи, бевме измамени. Тоа за мене е проблемот. Регрутирањето е најголемата работа, доведувањето добри фудбалери, тренери, медицински персонал, мислам дека треба да бидат внимателни со тоа какви луѓе носат на одредени места. За да бидете во Манчестер Јунајтед, мора да бидете еден од најдобрите на пазарот и мора да инвестирате во тоа – можеби дури и повеќе отколку во играчите и мислам дека не сме се снајдовме добро, -смета Немања кој смета дека клубот направил грешка во чекор по заминувањето на Ферги.

-Моето чувство е дека Сер Алекс Фергусон си замина, но исто така и Дејвид Гил – тоа се две големи личности кои беа во клубот 25 години. Тешко е да се заменат, а Ед Вудворд, кој ја презеде таа позиција, мислам дека беше над неговото знаење и неговите способности – тоа е мое мислење. Очигледно, тој се покажа фантастично за клубот во однос на маркетингот и привлекувањето пари, но за справување со агенти и играчи, на таа улога му е потребен некој со искуство, -истакна Србинот за „The Overlap“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни