НБА
Вестбрук по соборениот рекорд на Чемберлен: Нема играч како мене
Составот на Вашингтон Визардс по една вистинска драма загуби од Сан Антонио Спарс со 146-143, но резултатот падна во втор план поради Расел Вестбрук.
Плејмејкерот на Визардс реализираше 22 поени, 13 скокови и 14 асистенции со што дојде до 175. „трипл-дабл“ во кариерата. Ова за него беше 12. „трипл-дабл“ во април со што го собори рекордот на славниот Вилт Чембрлен (1968 година) за најмногу вакви учиноци во период од еден месец.
Многумина аналитичари, навивачи, љубители на кошарката го обвинуваат популарниот Рас дека брка статистика, а тој конечно се огласи и одлучи да им одговори.
-Верувам дека нема играч како мене. Ако другите можеа да го прават она што јас го правам, сигурно тоа ќе го направеа. Сакам да имам влијание на секој натпревар што го играм, во секој сегмент.
-Не ми е гајле што велат луѓето за мене, не ми е важно што мислат и што велат дека јас само бркам статистика. Интересно е што велат дека сè што правам не е корисно. Така не говореа кога стануваше збор за Меџик Џонсон или Оскар Робертсон. Се чини оти е лесно, ама не е, -порача ѕвездата на Вашингтон.
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Шпанија19 часа
Салгадо очекува нова улога за Белингам: Ќе ја видиме најдобрата верзија од него