Поврзете се со нас

Шпанија

Венгер откри за кој великан навивал додека фудбалски се развивал и заклучи: Реал Мадрид е тим кој е пред крајот на животот!

Објавено

на

Арсен Венгер одработи ексклузивно интервју за „ЕФЕ“ и во истото говореше за работи кои се поврзани за неговата прва фудбалска љубов од детството, големиот Реал Мадрид кој подоцна на двапати го одби како еден од најценетите фудбалски стручњаци во светот.

Иако на двапати имаше понуда за да го преземе „кралскиот клуб“ кој открива дека бил негов омилен додека фудбалски се развивал во детството, Французинот остана верен на Арсенал и одлучи да мине повеќе од две децении во Северен Лондон, па иако англискиот клуб сега е на прво место во неговото срце, тој не се срами да признае колку многу го сакал Реал.

– Кога бев дете, кога фудбалски се развивав и го засакував фудбалот, Реал Мадрид беше мојот тим, клубот кој го сакав. Растев со Ди Стефано, Пушкаш, Копа, Сантамарија, Генто. Бев импресиониран од нив, бев импресиониран од Реал Мадрид. Многу го сакав Реал, ми се допаѓаше се околу нив и судбината посака да бидам нивни противник со текот на годините, – вели Венгер.

Во своето последно гостување кое го имаше во „БеИН Спортс“, Французинот нагласи дека Реал се соочува со еден важен недостаток кога е во прашање модерниот фудбал, а надополнувајќи се себеси, посочи дека „кралевите“ мора да размислуваат на реновирање на тимот.

– Таков е светот во кој живееме, тоа што го направи Реал Мадрид во изминатите години беше неверојатно, тренерот Зидан направи неверојатни работи, но реалнсота е следна. Реал Мадрид е тим кој е пред крајот на својот живот. Играчите кои му ја донесоа големата слава, сега се многу постари и мора да се донесат играчи на кои ќе им биде тешко да ги заменат актуелните. Бензема, Модриќ, Рамос, сите имаат над 30 години, потребно е да се освежи тимот, но никогаш нема да знаете дали играчите што ќе ги доведете како замена, ќе одговорат како претходните, – вели Арсен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни