Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Венгер: На Реал му недостасува нешто што е многу важно во модерниот фудбал!

Објавено

на

Арсен Венгер како стручен аналитичар на „БеИН Спортс“ беше гостин во студиото и ги коментираше двата полуфинални натпревари во Лигата на шампионите, а во една од своите анализи, легендарниот француски стручњак имаше низа критики за играта на Реал Мадрид во првиот меч против Челси.

Поранешниот менаџер на Арсенал смета дека играта на Реал исклучително многу се потпира врз тоа каков ден има Карим Бензема, кој според него имал извонредно прво, но исклучително лошо второт полувреме против Челси на „Алфредо Ди Стефано“.

– Сакам да потенцирам дека Бензема имаше многу добро прво полувреме, но во второто беше многу лош. Го започна вториот дел со четири загубени топки, а загрижувачки за Реал треба да биде тоа што се безопасни кога имаат посед на топката.

– Немаат никаква ефикасност со поседот, беше навистина лошо, не гледав никој со опции да дојде во последната третина од теренот со опции да влезе во опасна шанса, или да заврши некоја акција.

– Во такви случаи, имаат само еден план. Ја додаваат топката до Бензема и чекаат да направи нешто. Но, кога тој ќе го спушти нивото како во второто полувреме, нема многу случувања во нападот. Реал има квалитет во тимот, но му недостасува нешто што е многу важно во модерниот фудбал. Тоа е длабоката пенетрација, движењето во последната третина од теренот, – заклучува Венгер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни