Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар застана кога беше најпотребно, Пик Сегед ги однесе бодовите од Скопје

Објавено

на

Ракометарите на Вардар го претрпеа четвртиот пораз во низа во Лигата на шампионите и тоа во пресметката против Пик Сегед кој оваа вечер славеше во СЦ „Јане Сандански“ со 28-26.

„Црвено-црните“ можат да жалат што не победија или пак што не освоија минимум еден бод затоа што во поголемиот дел од натпреварот водеа и имаа контрола на резултатот. Вардарци успешно го решија првиот дел и на пауза заминаат со 15-13, водство кое во продолжението го зголемија и во неколки наврати имаа плус три во второто полувреме.

Меѓутоа при водство на Вардар од 20-17 гостите од Унгарија направија серија од 3-0 и дојдоа до 20-20, па од тука се сменија работите, порасна самодовербата кај играчите на Пик Сегед, плус вардарци промашија неколку пенали и во ваков тесен натпревар токму тие детали одлучија избраниците на Пастор да слават во Скопје.

Дибиров и Јотиќ со по шест гола беа најефикасни кај македонскиот претставник, исто толку на спротивната страна дадоа Банхиди и Радивојевиќ.

Вардар во следниот меч гостува во Унгарија кај вечерашниот натпревар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни