Поврзете се со нас

Македонија

Вардар со информација за навивачите: Вратите на „Јане Сандански“ ќе се затворат во 19:15 часот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер во директен дуел ќе го одлучат шампионот за натпреварувачката 2024/2025 во македонската Суперлига.

Клучниот меч меѓу „црвено-црните“ и „зелено-белите“ е закажан за вечерва од 19:30 часот, а со оглед на тоа што интересот е огромен и салата е распродадена од таборот на Вардар се огласија со важна информација за сите навивачи, фанови кои ќе бидат присутни во СЦ „Јане Сандански“.

Поради големиот интерес и распродадената сала, ги информираме сите посетители дека во зависност од тоа во кој блок се наоѓа нивното место ќе можат да користат два различни влеза во СЦ „Јане Сандански“
👉 Влезници за блокови 4, 5, 6, 7, 8, А2 и А3 ќе може да го користат влезот што е веднаш во ФАН ШОПОТ (странично)
👉 Влезници за блокови 1, 11, 12, 13, 14, 15, 16, А5 и А6 ќе може да го користат главнот влез во салата, пред ресторанот на Хотел Русија
🎫 Испечатете ги вашите влезници или имајте ги во вашиот телефон, за побрзо влегување.
❤️🖤🍻🍔ФАН ЗОНАТА се наоѓа веднаш до салата во Паркот на Езерцата и ќе биде во функција после 16 часот
‼️‼️ Поради големиот интерес, и планираната програма во салата ве молиме навреме да влезете и да бидете на вашите места, бидејќи вратите ќе се затворат во 19,15 часот, -порачаа од скопскиот тим.
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни