Лига на шампиони
Вардар се уште не се врати во Скопје, но дозна дека нема да патува за Париз: Одложен и вториот меч со ПСЖ (Фото)

Ракометарите на Вардар и стручниот штаб се уште чекаат разрешница на голготата со која се соочија во Португалија, но додека македонските претставници се уште седат „заглавени“ во Порто поради новите Ковид рестрикции за патување, од ЕХФ излегоа со официјална одлука за она што требаше да следи.
Вардар не го одигра првиот натпревар против ПСЖ во Скопје поради голем број заразени играчи од Ковид 19 во првиот тим, но сега и дефинитивно нема да се одигра и вториот меч во предвидениот термин.
Македонскиот првак требаше да ги одмери силите со „светците“ во Париз за четири дена, но ЕХФ вечерва информираше дека натпреварот меѓу овие два тима повторно ќе биде одложен поради промените во француската престолнина.
– Натпреварот меѓу ПСЖ и Вардар 1961 закажан за 9 февруари 2021 е одложен и ќе се игра во друг термин. Канцеларијата на ЕХФ го информираше Вардар дека од Француската ракометна федерација добиле известување за нови рестрикиции што ги вовела државата за лицата што не се од Европска Унија (задолжителен карантин при пристигнување).
– Новите правила се на сила до неодреден датум и поради тоа нема шанси да се одигра натпреварот од ЕХФ лигата на шампионите во Франција. Средбата беше закажана за 9 февруари 2021 година во 18,45 часот. ЕХФ и клубовите ќе се договорат за нов можен датум за одигрување на натпреварот.
Повторно одложен дуелот ПСЖ – Вардар
Натпреварот меѓу ПСЖ и Вардар 1961 закажан за 9 февруари 2021 е одложен и ќе се…
Posted by RK Vardar 1961 on Петок, 05 февруари 2021
-
Англија9 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет17 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија17 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП8 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија15 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Светски првенства3 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Светски првенства3 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)