Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар се огласи со официјално соопштение за голготата во Португалија: Ракометарите „заглавија“ во Порто (Фото)

Објавено

на

Фото: РК Вардар

Ракометарите на Вардар доживуваат вистинска голгота во Португалија, откако цела наша експедиција не се качила на предвидениот лет за Франкфурт, од каде дополнително требало да имаат нов лет до Белград и Скопје.

Поради новите Ковид протоколи во Германија, на играчите на Вардар и целиот стручен штаб им било препорачано да не се качат во авионот, бидејќи во таква ситуација, при влегувањето во Франкфурт ќе биле веднаш испратени во карантин. Сето ова им прави непотребни проблеми на вардарци во пресрет на згуснатиот распоред кој следи, па за овој проблем информирани се и луѓето од ЕХФ кои ќе се обидат да помогнат за решавање на непријатната ситуација.

– Поради проблеми со летот на релација Порто – Франкфурт, екипата на Вардар 1961 остана во Португалија и ги пропушти врзаните конекции до Белград и Скопје за враќање дома по дуелот од ЕХФ лигата на шампионите. Наместо вечерва, екипата би требало утре да тргне од Порто и преку друга конекција да стигне до Скопје.

– Нашите ракометари денеска не успеале да заминат со авионот од Порто, откако службениците од авиокомпанијата со која требало да летаат ги информирале нашите претставници дека поради новите Ковид правила што се воведени во Германија доколку заминат за Франкфурт ќе мора да бидат во карантин. Дури и ако се работи за транзитирање и не се напушта аеродромската зграда.

– Екипата ги имаше сите потребни документи за патување, а пред заминувањето од Португалија биле направени и ПСР тестови со цел да има не постари од 48 часа. Но, и покрај сите потребни документи од авиокомпанијата и нивните службеници на шалтерот за пријавување не добиле дозвола да се качат на авион и да заминат за Франкфурт. За проблемите во Порто со авионските врски информирани се и во ЕХФ, и заедно се бара начин екипата што побрзо да се врати во Скопје и да се подготвува за следните дуели со ПСЖ и со Флензбург, – гласи објавата на Вардар.

Вардар остана во Португалија – се бара друга авио врска за враќање во Скопје

Поради проблеми со летот на релација Порто…

Posted by RK Vardar 1961 on Петок, 05 февруари 2021

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни