Свет
Ван Дер Сар бил фрапиран од скромната ѕвезда: Сите доаѓаа на тренинг со Ферари, а Зидан дојде со….
Едвин Ван Дер Сар е легендарен холандски голман кој може да се пофали дека има освоено речиси се што може да се освои на клупски план, успеси кои претежно ги доживеа како чувар на мрежата на Ајакс и подоцна во Манчестер Јунајтед.
Во меѓувреме, Ван Дер Сар мина две години и во Јувентус каде бранеше две сезони, но потоа одби да биде втор голман во тимот откако „старата дама“ го урна рекордот со ангажманот на Џанлуиџи Буфон. И покрај тоа што не освои некој позначаен трофеј во Јувентус, Ван Дер Сар има позитивни сеќавања од периодот во Торино, меѓу другото и поради фактот што ја делеше соблекувалната со фудбалски мајстор како Зинедин Зидан.
Актуелниот директор на Ајакс вели дека Зизу бил навистина нешто посебно со топката, но уште поимпресиониран бил од неговата скромност и понизност за фудаблска ѕвезда од таков карактер.
– Зидан не е човек кој многу зборува, дефинитивно не зборуваше многу. Тогаш не зборуваше многу англиски и се обраќаше на француски и италијански. Но, начинот на кој ја водеше топката и на кој ја движеше на теренот, тоа беше нешто посебно, – потенцира Ван Дер Сар за „Ziggo Sport“ и открива.
– Тој беше навистина различен. Сите доаѓаа на тренинг со Ферари, а тој дојде со Фиат, обични фармерки, бела маичка Левис и Адидас патики. Беше комплетно поразличен од другите кои доаѓаа со Ферари, Долче Габана и Версаче парчиња, – додава Холанѓанецот.
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија22 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал