Поврзете се со нас

Македонија

Уште една „лавица“ потпиша за Металург Автокоманда

Објавено

на

foto:www.facebook.com/whc.metalurg.avtokomanda

Македонскиот ракометен прволигаш Металург Автокоманда со забрзано темпо работи за создавање на што подобар тим за натпреварувачката 2025/2026.

Вицепрвакот го „нападна“ актуелниот првак Ѓорче Петров од каде доаѓа и третото засилување. По обезбедувањето на потписите на Анастасија Николовска и Ива Божиновска, ангажирана е и Петра Јершек.

И Божиновска го замени Ѓорче Петров со Металург

Јершек е хрватска интернационалка која ја покрива средната бековска позиција. Таа потпиша договор до 2026 година, а со нејзиниот потпис составот од Автокоманда испраќа јасна порака за амбициите во домашното првенство и настапите на европска сцена.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни