Европски првенства
Уште една голема ѕвезда им откажа на „триколорите“: Французите останаа и без Лесор за Евробаскетот

Матијас Лесор е уште една француска ѕвезда која нема да нстапи на претстојниот Евробаскет кој ќе започне на крајот на месец август, а ќе заврши на средина на месец септември.
Француската Федерација со официјално соопштение ја потврди оваа вест и станува се појасно дека „триколорите“ нема да имаат улога на фаворити на овој континентален собир, од едноставна причина што Лесор е третата ѕвезда која откажува.
Франција претходно информираше дека на претстојниот турнир нема да настапат и Руди Гобер и Виктор Вембенјнама, што значи дека најсилниот кошаркарски тим на оваа земја ќе биде сериозно ослабен под кошевите.
Во случајот на Лесор, со корпулентниот центар взаемно е донесена одлука да не се ризикува со настап на Европското првенство, бидејќи тој се уште чувствува последица од ужасната скршеница која ја имаше на крајот на 2024-та година.
Без носителите на играта, „триколорите“ се очекува да ги видиме во сосема поинакво светло на Евробаскетот, турнир од кој дел ќе биде и Жоан Макунду кој е избран како замена за Лесор.
-
АТП24 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија12 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Англија4 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија6 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Свет12 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)