Поврзете се со нас

Италија

Уште еден италијански великан го посакува потписот на Џака

Објавено

на

foto: x.com/bayer04_en

Швајцарскиот интернационалец, Гранит Џака се поврзува со уште еден голем италијански клуб кој во него гледа квалитетно, проверено и искусно засилување на средината на теренот.

Џака ова лето веќе беше поврзуван со Милан и Јувентус, а сега на таа листа е актуелниот италијански и европски вицешампион Интер. „Газета Дело Спорт“ пренесува дека „нероаѕурите“ во Гранит гледаат идеална замена за Хакан Чалханоглу под услов секако Турчинот да се врати во својата земја и потпише за Галатасарај.

Сумата од околу 12 до 15 милиони е далеку поприфатлива за Интер од онаа која би требало да се издвои за Едерсон од Аталанта (60 милиони евра).

Тимот од Серија А чека потег од Галатасарај кој ќе треба да издвои над 25 милиони евра.

Џака е под договор со Баер Леверкузен до 30 јуни 2028 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни