АТП
„Ураганот“ Синер го оддува Рубљов, Италијанецот ги комплетираше четвртфиналните двојки

Со победата на Јаник Синер над Андреј Рубљов се комплетираа сите четири четвртфинални двојки на Ролан Гарос, фаза која ќе стартува веќе утре на терените на Френч Опен.
Светскиот рекет број еден се прикажа во ураганско светло и трета рунда во низа, па така откако му допушти седум гејма на Гаске и само три на Махач, денеска беше брутален и во пресметката со рускиот тенисер.
Рубљов се запозна со најсуровото лице на Италијанецот и изгледаше комплетно немоќно во првиот сет, во кој иако Синер имаше брејк топка за 6:0, сепак направи грешка и дозволи еден гејм на Русинот.
Андреј успеа малку да го подигне ритамот и да понуди посериозен отпор во продолжение, но сепак лесно го положи оружјето и не му преостана ништо друго, освен да му честита на ривалот.
Синер со 6:3 и 6:4 го завери својот пласман во четвртфиналето на турнирот, каде за ривал ќе го има најпријатното изненадување, Александер Бублик.
Први две четвртфинални битки се оние меѓу Музети-Тиафо и Алкарас-Пол, додека во среда е закажана пресметката на Синер и Бублик, како и онаа на Ѓоковиќ и Зверев.
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Шпанија19 часа
Салгадо очекува нова улога за Белингам: Ќе ја видиме најдобрата верзија од него