Лига на шампиони
Тухел со коментар за неприфатливата утка на Вернер во едно полуфинале: Има многу потешки работи од ова! (Видео)
Тимо Вернер уште еднаш го разбуди гневот меѓу фановите на Челси со својата катастрофална реализација на стопроцентни шанси, но ако тоа досега го правеше на натпреварит во Премиер лигата и на квалификацискиот меч против Македонија во Дуизбург, вчера се посрамоти од непосредна близина во едно полуфинале во Лигата на шампионите.
Германскиот фудбалер како да е проколнат кога е пред голот оваа сезона, па 50-милионското засилување на англискиот клуб на големо добива критики од страствените фанови на Челси кои сметаат дека редно време е да се пресели на клупата за резерви. По ремито во кое видовме по еден гол на двете страни, Томас Тухел ја коментираше утката на својот сонародник, за кого посочи дека е крајно разочаран и резигниран по неверојатното промашување кое го имаше од непосредна близина.
– Тимо промаши голема шанса против Вест Хем, а сега повторно промаши голема шанса против Реал. Тоа сигурно не му помага и нема да му биде од корист. Сепак, истовремено, нема простор и време за плачење, нема време за жалење.
– Таков е животот на напаѓачите, има милиони други луѓе кои имаат многу потешки работи за правење и потешки работи со кои треба да се справат од промашување шанса. Тоа е добрата страна на спортот, утре никој нема да се грижи за ова. Сега сме тажни, бесни во моментот, но тоа е нормално. Јас бев бесен, тој е лут и разочаран, но утре има слободен ден и потоа ќе се врати со крената глава. Тој е професионалец, работи за тимот и ќе продолжи да работи како и досега, – изјави Тухел кој даде коментар и за натпреварот.
– Моето лично мислење е следно. Одигравме фантастично прво полувреме, требаше да имаме водство по првите 45 минути и требаше да имаме подобра награда за добрата игра. Примивме наивен гол, од прекин, инаку се браневме одлично во текот на целиот меч. Во второто полувреме се играше многу тактички и немаше шанси. На вториот меч ќе има борба за секој сантиметар, ништо нема да се знае до самиот крај, – порача Тухел.
-
Свет23 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија22 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Англија15 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија17 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија23 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП22 часа
Мекинро за Ѓоковиќ: Не можете да го победите времето, не знам дали е повреда…