Поврзете се со нас

Евролига

Тренерот на Баерн во центарот на вниманието: Тринкиери заработи исклучување по само три минути (ВИДЕО)

Објавено

на

Во кошарката ретко се гледа некој да биде исклучен на самиот старт на натпреварите, а особено да се работи за предводникот, тренерите на екипите.

Меѓутоа има и такви ситуации и доказ за тоа е вечерашниот меч од Евролигата меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен на кој гостинскиот стратег Андреа Тринкиери го заврши мечот по само 3 минути и 24 секунди. Тој беше незадоволен од судењето, приговараше, па мораше да ја напушти клупата на Баерн.

Ова дефинитивно е едно од најбрзите исклучувања во европската кошарка, ама далеку е од рекордот на Светислав Пешиќ кој минатата година беше „избришан“ во првата минута на дуелот со Фенербахче.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни