Балкан
Трајковски со херојски гол во 98. минута донесе важен бод за Хајдук во битката за титула (Видео)

Хајдук го испушти врвот во хрватската Прва фудбалска лига по епилогот во 29-то коло, но фудбалскиот великан од Сплит може да биде среќен што освои барем бод, за кој вистински јунак беше Александар Трајковски.
Македонскиот репрезентативец ретко добива шанса од Џенаро Гатузо, но во ситуација кога Хајдук беше приморан да напаѓач со играч помалку на теренот, популарниот Рино го внесе искусниот Трајковски во игра.
Тоа му даде посакуван резултат буквално во последната акција од натпреварот, бидејќи Алекс се најде на вистинско место во вистинско време, па така во 98-та минута донесе израмнување (1:1) и голем бод за Хајдук во битката за титулата.
Претходно, Локомотива стигна до предност пред крајот на првиот дел со страшен гол од слободен удар, а креатор на истиот беше Карачиќ.
Во вториот дел, Хајдук остана без Лучиќ кој заработи црвен картон, но и во такви услови, домаќините успеаја да се изборат за бод на „Пољуд“.
Овој исход за жал не е доволен Хајдук да го одбрани првото место на табелата, бидејќи Ријека со победата од 1:0 над Вараждин го презема врвот со еден бод предност на табелата.
𝗔𝗷𝗺𝗼 𝗕𝗶𝗷𝗲𝗹𝗶! ❤️💙
HDTV na MAXtv-u!https://t.co/HLmC3mLq59 pic.twitter.com/8AQYhF53UO
— Hajduk Digital TV (@HajdukDigitalTV) April 13, 2025
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија17 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија22 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)