Поврзете се со нас

Репрезентација

Трајковски: Ни следи поинаков меч, секогаш има мотив плус кога играте против Белгија

Објавено

на

Македонија ги започна подготовките за двата квалификациски меча за Светското првенство, мечеви против Белгија и Казахстан кои се на програмата на 6 и 9 јуни.

Има доволно време за подготовки за овие дуели со тоа што нормално фокусот ќе биде ставен на Белгијците кои ги дочекуваме на националната арена „Тодор Проски“ во Скопје. Еден од нашите адути дефинитивно ќе биде искусниот Александар Трајковски кој во минатото играше во оваа земја и верува дека ќе имаме што да кажеме против „црвените ѓаволи“.

-Сега е крајот на оваа сезона, завршуваме во клубовите, но овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме на овој циклус. Прво играме со Белгија, меч кој ни е многу важен, потоа одиме во Казахстан, мислам дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот.

-Можеби е тешко затоа што играме на крај на сезона, но потоа ќе можеме да се одмориме. Се надевам на најдоброто во следните два меча. Почнавме добро, се надевам дека со Белгија ќе покажеме поголема концентрација до крајот на мечот, да извлечеме поука од тој меч со Велс, да играме до крај, досега судијата не свирне крај. Играме дома со уште посилна селекција и мора да бидеме добро подготвени. Потоа ќе следи Казахстан, исто тежок натпревар, ќе играме на вештачка трева. Имаме доволно време до првиот меч заедно со селекторот да се подготвимем верувам дека се ќе биде во ред. Имам играно во Белгија, мина доста време од тоа време, во нивната селекцијата доста работи се променети, имаат доста нови, млади играчи. Мислам дека ни следи поинаков меч од пред 10-12 години. Мотив постои за секој меч, посебно кога играш како селекција против Белгија, -истакна Трајковски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни