Поврзете се со нас

Балкан

Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец

Објавено

на

Хрватскиот фудбал вечерва се простува од поранешниот фудбалски репрезентативец Никола Покривач кој животот го загуби во тешка сообраќајна несреќа која се случила во Карловац.

Според информациите на медиумите од оваа земја, четири автомобиле се судриле околу 20:15 часот, несреќа при која две лица го загубиле животот, додека три со возила на брза помош се пренесени во болница.

Еден од тие настрадани е Покривач, некогашен член на Динамо Загреб и Ријека, играч кој имаше и меѓународна кариера настапувајќи во Франција, Израел, Австрија, Казахстан, додека за националниот тим одигра 15 натпревари и беше дел од составот на коцкестите на Европското првенство во 2008 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни