Формула 1
Тото Волф конечно се отвори за иднината, но го премолчи најважното!
Промените кои му претстојат на тимот Мерцедес во Формула 1 веќе долго време ги исполнуваат новинарските страници, но со приближувањето на крајот од сезоната нештата добиваат на интензитет.
Веројатно најголема „галама“ се подига бидејќи речиси е неверојатно во ноември да се немаат обезбедени возачи за идната сезона, но ако претходно Луис Хамилтон и Тото Волф тврдеа дека поради набиениот распоред не можат да најдат време за преговори, сега контекстот е многу поинаков.
Аферите започнаа со фактот дека Волф како акционер го поддржа Лоренс Строл во купувањето на фабриката Астон Мартин, а бидејќи истиот е сопственик и на тимот „Рејсинг поинт“ (кој од догодина же биде ребрендиран), првичните шпекулации го поврзуваа Волф со напуштање на Мерцедес. Потоа, „вревата“ продолжи откако Волф покажа интерес за Себастијан Фетел кој беше ослободен од обврските во Ферари, изјавувајќи дека Мерцедес не треба да биде слеп посматрач.
Кога конечно медиумите го притиснаа дека се уште го нема обезбедено потписот на Хамилтон, проструи и информацијата дека и самиот тој не знае како ќе продолжи во иднина. Но, конечно во Имола, по трката за Големата награда на Емилија Ромања, Тото Волф „се отвори“ за Скај Спортс.
– Мојата ситуација е нешто поинаква, бидејќи јас сум косопственик на екипата, па никогаш нема да ја напуштам. Тоа е она што јас сакам да го правам. Има ли нешто подобро од тоа да си дел од една спортска екипа, да си дел од ваква фантастична група на луѓе? Едноставно верувам дека секој има „рок на траење“ во некоја улога, а јас се уште не сум дошол до крајот на мојата. Мислам дека се уште можам да придонесам. Но, мора да размислувам за иднината, да донесам некого, да му помогнам да се развие во оваа ролја, а тоа е фантастичен предизвик за мене и тоа дефинитивно ќе биде едно од следните поглавја. Но, ќе ме гледате наоколу уште долго,- порача тимскиот шеф на Мерцедес.
Но, тој не откри на кого гледа како свој наследник, велејќи дека не може да го соопшти неговото име. Тото Волф влезе во Формула 1 откако купи 15% од акциите во Вилијамс кои беа понудени на берзата по пензионирањето на Патрик Хед, кој му беше партнер на Франк Вилијамс поседувајќи една четвртина од сопственоста на тимот. Волф во 2012 година стана извршен директор на тимот, но веќе следната 2013 година направи изненадувачки трансфер во Мерцедес и својот удел во дотогашната екипа му го продаде на Брад Холингер.
Во сопственичката структура на Мерцедес тој има 30% од тимот, додека 10% беше учеството на Ники Лауда. Главниот удел од 60% е во сопственост на компанијата Дајмлер.
Иако Волф беше јасен дека посакува продолжување на договорот со Луис Хамилтон, новата реалност исто така сугерира дека буџетите на тимовите се намалуваат, што поради корона кризата, што поради барањата за порамнување на трошоците и лимитирање на средствата што се инвестираат. Тоа секако дека не е тренд што би му се допаднал на кој било шампион, доколку тоа значи помала плата во иднина отколку пред да ја освои титулата, па голема е веројатноста дека на ова тема ќе има несогласувања меѓу двете страни.
-
Англија10 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет17 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП8 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија18 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Италија16 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Светски првенства3 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Италија13 часа
Пет имиња се на листата: Милан во акција за нови бекови