Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш го испрати Силекс во Втората лига, Ренова поуспешна во драмата против Охрид

Објавено

на

Екипата на Тиквеш по цели 17 години се враќа во елитата на македонскиот фудбал откако го победи Силекс со 1:0 во денешниот бараж натпревар одигран на „Тоше Проески“ арената.

Кавадарчани до победата вредна пласман во Првата лига стигнаа со погодокот на Спахиу во 54. минута од натпреварот.

Интересно е тоа што следната година Македонија ќе има свој претставник во Европа (Силекс) кој ќе игра во Втората лига.

И вториот бараж натпревар одигран во тренинг центарот „Петар Милошевски“ помеѓу Ренова и Охрид понуди многу возбудувања и четири погодоци во регуларните 90. минути. Охриѓани на два пати имаа предност по головите на Трпески и Митев, меѓутоа Ренова и двата пати стигнуваше до израмнувачки гол, а погодокот за 2:2 кој ги одведе во пеналите го постигна Шефити по ужасниот кикс на голманот Николче Симоновски.

Во пенал рулетот Ренова беше поуспешна и на крајот се израдува на опстанок во Првата фудбалска лига, додека тимот на Охрид и следната сезона ќе се бори за пласман во најелитното македонско натпреварување преку вториот ранг во Македонија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни