Поврзете се со нас

Шпанија

Судијата откри зошто му покажа црвен картон на Куман, Роналд не може да поверува: Ова е неверојатно

Објавено

на

Роналд Куман вчера заработи двоен шок на натпреварот против Гранада на домашен терен, бидејќи непосредно откако Барселона прими гол за 1:1, Холанѓанецот доби црвен карто од страна на главниот арбитар.

Судијата Фуертес без премногу размислување го испрати Холанѓанецот во соблекувалната во 66-та минута, а главна причина за ваквиот расплет беше тоа што Куман влезе во вербална расправа со линискиот судија. Роналд беше навистина лут откако Мачис погоди за 1:1, но до крајот, работите станаа уште полоши за него од соблекувалната, бидејќи Молина погоди за 1:2 и целосен пресврт на „Камп Ноу“.

Натпреварот на кој требаше Барселона да избие на првото место на табелата, на крајот се претвори во кошмарен за Куман, кој според судискиот записник на Фуертес, бил исклучен поради следните зборови со висок тон кон неговиот помошник.

– Откако беше опоменат поради неговите негодувања, Куман повторно му се обрати на четвртиот судија со следниот израз „Каков лош лик“, – гласи записникот на судијата во кој е потенцирано дека е омаловажен неговиот асистент.

За разлика од судискиот записник, Куман кој сега поради црвениот картон ќе го пропушти своето враќање на „Месталја“ (во минатото ја водеше Валенсја), имаше своја верзија за слученото.

– Не сфаќам зошто ме исклучи, неколку пати коментирав, но ниту еднаш не покажав непочитување. Не кажав ништо лошо, немаше навреда, ова е навистина неверојатно. Но, кога четвртиот судија сака да биде во центарот на вниманието, се случува ова. Да, искоментирав нешто, но со доза на респект, не погрешив и не го навредив. Не употребив ниту еден лош збор, а тој ми одговори на непристоен начин. Всушност тој е оној кој покажа непочитување, – изјави Роналд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни