Шпанија
Суарез не можеше да премолчи: Уругваецот му испрати совет на Меси пред да ја донесе конечната одлука
Луис Суарез минатото лето беше принуден да стави крај на својата авантура во Барселона откако клубот му соопшти дека повеќе нема место за него во тимот, а тоа воедно значеше разделба со најдобриот пријател на професионален и приватен план.
Суарез беше неразделив со Лионел Меси и разделбата доста негативно влијаеше врз Аргентинецот, кој иако исто така побара да биде ослободен од клубот, на крајот остана во Барселона и сега се наоѓа пред конечна одлука која ќе треба да ја донесе во најскоро можно време.
Меси ќе биде слободен агент доколку не седне на маса да преговара со Барселона, но сега во фокусот се најде советот кој го доби од својот добар пријател кој сега му е ривал како член на Атлетико Мадрид.
– Каде ќе игра Меси наредната сезона? Најдобро ќе биде да ја заврши кариерата онаму кадешто беше најсреќен, – вели „Ел Пистолеро“ во интервјуто за каталонската „ТВ3“.
– Ако ме праша мене, како добар пријател ќе му кажам дека не гледам друго место кое е подобро за него од Барселона. Нема да биде добро да игра за друг клуб. Сепак, тој сам ќе си ја донесе одлуката. Барселона е клубот кој му даде се, но и тој му даде се на клубот, – потенцира Суарез.
-
Италија22 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА23 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон
-
Англија19 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија19 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Свет24 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Свет21 час
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)